Michael Gabriel Hernandez
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) им забрануваат на сите руски авиони да го користат нивниот воздушен простор како одговор на тековната војна на Москва против Украина, изјави претседателот Џо Бајден додека ја засилува реакцијата на Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на заедничката седница на Конгресот во неговиот прв говор за состојбата со Украина, на Унијата, Бајден рече дека затворањето на воздушниот простор на САД е само најнова во серијата мерки.
„Ние ѝ нанесуваме болка на Русија и го поддржуваме народот на Украина. Путин сега е изолиран од светот повеќе од кога било“, рече тој.
„Заедно со нашите сојузници, ние во моментов спроведуваме моќни економски санкции. Ги отсекуваме најголемите руски банки од меѓународниот финансиски систем, спречувајќи ја Централната банка на Русија да ја брани руската рубља, правејќи го „воениот фонд“ на Путин од 630 милијарди долари безвреден“, додаде тој.
Покрај последователните бранови на санкции што ја доведоа руската економија во слободен пад, САД и нивните сојузници воведоа ограничувања на извозот на клучните технологии за кои Бајден рече дека ќе ја нарушат економската исплатливост на Русија и „ќе ја ослабат нејзината војска во следните години“.
Бајден рече дека Путин ги отфрлил дипломатските напори да ја спречи нејзината војната и лошо и погрешно го пресметал обединетиот одговор на Западот.
„Тој мислеше дека Западот и НАТО нема да одговорат. И мислеше дека може да нѐ подели овде дома“, рече Бајден.
„Путин згреши, ние бевме подготвени“, додаде тој.
Министерството за правда дополнително формира работна група која ќе тргне по имотот на руските олигарси, од кои многумина се блиски сојузници на Путин.
Бајден им се обрати директно, велејќи: „САД и нивните сојузници ќе ги најдат и запленат вашите јахти, вашите луксузни станови, вашите приватни авиони.“
„Доаѓаме по вашите незаконски придобивки“, рече тој.
Русија ја започна својата офанзива врз Украина на 24 февруари. Според проценките на ОН, загинаа најмалку 136 цивили, вклучително и 13 деца. Околу 400 други се повредени, меѓу кои 26 деца.
Нападите низ целата земја доведоа до речиси 680.000 луѓе кои избегаа од Украина во соседните земји, според меѓународната организација.
Русија го засили своето воздушно и артилериско бомбардирање оваа недела, особено врз главниот град Киев и вториот по големина град во Украина, Харков, каде што масивна експлозија го потресе Плоштадот на слободата. Во Харков, во близина на руската граница, живеат околу 1,5 милиони луѓе, додека населението на Киев е речиси 3 милиони.
Осврнувајќи се на американската економија, Бајден вети дека ќе ја контролира инфлацијата бидејќи таа се наоѓа на приближно 7,5 отсто, економска тешкотија за која рече дека ги „ограбува“ американските семејства од „добивките што инаку би можеле да ги почувствуваат“.
„Премногу семејства се борат да ги платат сметките“, рече тој. „Го разбирам тоа. Затоа, мојот главен приоритет е да ги ставам цените под контрола.“