Emre Gürkan Abay
02 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
МОСКВА
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Руската армија го зазела украинскиот град Херсон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, ги соопшти последните информации за моменталната ситуација кога станува збор за рускиот напад врз Украина.
Конашенков рече дека руските единици уништиле 1.502 воени инфраструктурни објекти, 472 тенка и оклопни возила на Украинската армија, 63 повеќецевни ракетни фрлачи, 206 топа, 336 специјални воени возила.
Конашенков рече дека со оружјето со висока прецизност се погодени технолошките капацитети на украинската разузнавачка служба во Киев и центарот на 72. Бригада за специјални операции.
„Телевизиската кула во Киев е уништена“, рече Конашенков.
Тој посочи дека е воспоставена контрола во населбите Токмак и Василијевка и дека е воспоставена контрола над градот Херсон.