Ruslan Rehimov
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Генералштабот на Украина соопшти дека руските сили кои ја нападнаа Украина изгубиле 5.840 војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинскиот Генералштаб споделени се информации за загубите на руските сили во последните седум дена.
Се наведува дека загинале 5.840 војници на Руската армија, а Украинската армија уништила 30 авиони, 31 хеликоптер, 211 тенка, 862 оклопни возила, 85 топа и 2 лесни глисери на Русија.
Меѓу другото, во соопштението се нагласува дека руските сили изгубиле и 40 системи за ракетни фрлачи, 355 возила, 60 танкери со гориво, 9 системи за противвоздушна одбрана и 3 беспилотни летала.