Talha Yavuz
19 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
КИЕВ (АА) - Украински војник загинал откако проруските сепаратисти отвориле оган во регионот на Донбас, соопшти денес украинската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку соопштение, Војската истакна дека забележала 19 прекршувања на примирјето од страна на проруските сепаратисти.
Во друго соопштение се наведува дека сепаратистите го прекршиле примирјето 66 пати во различни подрачја во текот на вчерашниот ден.
Русија и Украина се во конфликт по избувнувањето на судирите во источниот украински регион Донбас во 2014 година, откако Русија го анектира полуостровот Крим.