Davit Kachkachishvili
30 Јануари 2025•Ажурирај: 31 Јануари 2025
КИЕВ (АА) - Украинската служба за вонредни ситуации (ДСНС) на својот профил на платформата Телеграм објави писмено соопштение во кое се наведува дека руската армија синоќа извршила напад врз украинскиот град Суми со беспилотни летала (UAV), известува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека нападот бил извршен врз 10-катна станбена зграда, при што загинале четири лица, а девет се повредени.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски реагираше на рускиот напад врз градот Суми во изјавата што ја сподели на својот профил на Телеграм.
Истакнувајќи дека напорите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на нападот, претседателот Зеленски нападот го опиша како страшна трагедија.
„Многу е важно светот да не се двоуми да изврши притисок врз Русија поради овој терор. Благодарен сум им на сите лидери што ги поддржуваат Украина и Украинците“, наведе Зеленски во својата порака.