Zehra Nur Düz
26 Септември 2023•Ажурирај: 27 Септември 2023
КИЕВ (АА) - Украина тврди дека нејзините сили убиле 34 руски офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, во нападот на седиштето на морнарицата во кримскиот град Севастопол, јавуваат украинските медиуми, пренесува Анадолу.
Тие директно не го споменаа името на командантот на флотата, Виктор Соколов.
Силите за специјални операции на вооружените сили на Украина ги дадоа најновите информации за загубите на непријателот по специјалната операција извршена минатата недела за уништување на големиот десантен брод „Минск“ и седиштето на руската Црноморска флота, објави украинската државна новинска агенција Укринформ.
„Уште 105 окупатори се ранети. Зградата на штабот не може да се обнови“, се наведува во извештајот.
Во петокот Украина изврши ракетен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, соопштија руските власти.
„Противникот почна ракетен напад врз седиштето на Црноморската флота. Фрагмент падна во близина на театарот Луначарски“, објави гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев, на Телеграм.
Рускиот претседател Владимир Путин на 14 септември 2022 година потпиша указ за именување на Соколов за командант на Црноморската флота.