Ruslan Rehimov
21 Јануари 2022•Ажурирај: 22 Јануари 2022
КИЕВ (АА) - Украинските вооружени сили изведоа воена вежба со користење на ракетни системи во близина на Крим, кој противзаконски беше анектиран од Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Украинските вооружени сили наведено е дека во вежбата се користени повеќецевни ракетни системи од моделот БM-21 „Град“.
Наведено е, исто така, дека вежбата во областа Херсон е изведена за војската да се подготви за нагли промени на ситуацијата.
Додека загриженоста дека руската војска ќе влезе во Украина по распоредувањето на своите војници во регионите во близина на украинската граница, постојано расте, во Женева денеска ќе биде одржан состанок на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.