Haydar Karaalp
21 Јануари 2022•Ажурирај: 23 Јануари 2022
БАГДАД (АА) - Во напад кој терористите на ДЕАШ го извршија врз припадниците на безбедносните сили на источниот дел на Ирак загинаа 11 ирачки војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Командата за операции во Дијала соопшти дека терористите на ДЕАШ нападот го извршиле во Узајм, Дијала.
Загинаа 11 ирачки војници.
По нападот, на терен излезе воена делегација од повисоко ниво, а истрагата е во тек.