свет

„Волстрит џурнал“: САД им дозволија на балтичките држави да испратат американско оружје во Украина

„САД им дадоа дозвола на членките на НАТО, балтичките држави Латвија, Литванија и Естонија, да испратат противтенковски и противвоздушни проектили „џавелин“ и „стингер“ како поддршка на украинската војска“, објави весникот „Волстрит џурнал“

Kasım İleri  | 21.01.2022 - Обновена : 23.01.2022
„Волстрит џурнал“: САД им дозволија на балтичките држави да испратат американско оружје во Украина

ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација им даде дозвола на Латвија, Литванија и Естонија, како поддршка да испратат оружје од американско потекло во Украина, објавија американските медиуми, јавува Агенција Анадолија (АА).

Додека загриженоста дека руската војска ќе влезе во Украина по распоредувањето на своите војници во регионите во близина на украинската граница, постојано расте, од американската администрација дојде нов потег.

„Соединетите Американски Држави (САД) им дадоа дозвола на членките на НАТО, балтичките држави Латвија, Литванија и Естонија, да испратат противтенковски и противвоздушни проектили „џавелин“ и „стингер“ како поддршка на украинската војска“, објави весникот „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal), повикувајќи се на неименуван претставник.

Претставникот, исто така, истакнува дека администрацијата на Џо Бајден го известила Конгресот дека ја одобрила продажбата на транспортни хеликоптери од типот Ми-17 на Украина.

Американското министерство за одбрана (Пентагон) и Стејт департментот одбија да ги коментираат овие прашања.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети Киев и ја повтори американската поддршка на Украина. САД предупредија дека во случај на напад на Украина, ќе воведат тешки санкции на Русија.

Блинкен и неговиот руски колега Сергеј Лавров ќе се состанат денеска во Женева за да разговараат за регионалната безбедност, особено за тензичноста на украинската граница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.