Ruslan Rehimov
14 Ноември 2022•Ажурирај: 15 Ноември 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски го посети градот Херсон, што по повлекувањето на руските трупи, повторно е под контрола на украинската војска, известува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски за време на посетата на Херсон разговараше со украинските војници и населението на градот.

Граѓаните не го криеја задоволството поради посетата на украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој им се заблагодари на војниците за нивните заслуги во повторното преземање на контролата над градот. Зеленски за време на посетата рече дека е среќен поради ослободувањето на градот и реакцијата на луѓето.
Нагласувајќи ја важноста на посетата на Херсон, Зеленски истакна дека ги посетил војниците и луѓето во градот кои секојдневно ги ризикуваат своите животи за својата земја, за да ги почувствува нивните емоции и енергија.