Handan Kazancı
14 Ноември 2022•Ажурирај: 24 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 3 лица се убиени, а две се ранети во оружен напад на американскиот Универзитет Вирџинија, додека полицијата трага по напаѓачот за кој постои сомневање дека е студент од Универзитетот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Деканот на Универзитетот Вирџинија, Џим Рајан, во својата објава на социјалната мрежа Твитер потврди дека во нападот животот го загубиле 3 лица, додека две се ранети.
Рајан во својата објава наведува дека вооружениот напад се случил синоќа во 22 часот по локално време.
„Еден нашите студенти, Кристофер Дарнел Џонс Џуниор, осомничен е за нападот“, напиша Рајан.
Осомничениот, кој уште е на слобода, „е вооружен и се смета за опасен“, предупреди деканот на Универзитетот.
Локалната полиција го предупреди локалното население дека напаѓачот е вооружен и повика да се засолнат на безбедно место.