Mahmut Geldi
14 Ноември 2022•Ажурирај: 16 Ноември 2022
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абаз истакна дека Бенјамин Нетанјаху, кој доби мандат за формирање на новата влада во Израел, не верува во мирот, но дека принудени се да работат со него, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, Абаз даде изјава за египетски телевизиски канал.
Осврнувајќи се на Нетанјаху, кој доби мандат за формирање нова влада во Израел, Абаз рече: „Веќе долго време го знам Нетанјаху, и работев многу со него. Тој е човек кој не верува во мирот, и верува дека окупацијата ќе постои засекогаш.“
Абаз истакна дека се принудени да работат со Нетанјаху, оти немаат друга опција.
Тој ја потврди посветеноста кон народниот отпор, и рече дека наместо водење вооружена борба, треба да ги користат политичките алатки.