Ruslan Rehimov
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украина објави дека Руската армија, која ја нападна Украина, загубила повеќе од 12.000 војници во нападите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украина сподели податоци за загубите на руската армија од 24 февруари до 7 март.
Според податоците, загинаа повеќе од 12.000 војници на руската армија, а уништени се 48 авиони, 80 хеликоптери, 303 тенкови, 1.036 оклопни возила, 120 топа, 56 системи за лансирање ракети и 27 системи за воздушна одбрана на Русија.
Дополнително се наведува дека руските сили загубиле 474 возила, 3 лесни глисери, 60 цистерни со гориво и 7 беспилотни летала.