Ruslan Rehimov
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
КИЕВ (АА) - Најмалку девет цивили, меѓу кои две деца, загинаа во синоќешните руски воздушни напади врз североисточниот украински град Суми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руските воени авиони уништија две згради на улиците Роменска и Спартак во Суми, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.
Телата на девет цивили, од кои две деца, досега се извлечени од урнатините, соопшти агенцијата.
Според податоците на ОН, најмалку 406 цивили се убиени, а 801 се ранети во војната што Русија ја започна против Украина.
Меѓународното тело соопшти дека реалниот биланс е многу поголем бидејќи условите на терен прават „тешко да се потврди“ точниот број на цивилни жртви.
Повеќе од 1,7 милиони луѓе ја напуштија Украина и избегаа во соседните земји, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци.