Enes Canlı
15 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
КУДС (АА) - Украина побарала воена помош од Израел и понудила посредување, но администрацијата на Тел Авив не ја прифатила понудата за посредување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на израелскиот државен сервис (КАН), израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид по неговата средба со првиот заменик- министер за надворешни работи на Украина, Емина Џапарова, во неделата изјави дека Украина побарала воена помош од неговата земја и дека тоа ќе биде оценето.
Лапид изјави дека направил проценки дека Израел имал многу кратко време да ги евакуира своите граѓани во случај на запирање на воздушниот сообраќај.
Џапарова во изјава за израелските медиуми рече дека „зголемени предупредувања за патување од пријателските земји предизвикаа паника, напуштање на инвеститорите од земјата и буџетски проблеми во Украина“.
Според украинските медиуми, Џапарова побарала Израел да се вклучи повеќе во кризата меѓу Русија и Украина и да посредува да се намалат тензиите.
Меѓу другото, Џапарова упатила покана до Лапид да се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
- Израел не сака да посредува -
Според веста, во која се истакнува дека Израел не е подготвен да посредува, Лапид вели: „Израел во руско-украинскиот конфликт не е страна. Затоа, дејствува претпазливо.“
Исто така, истакнато е дека израелскиот министер за туризам, Јоел Разбозов, се сретнал со рускиот амбасадор во Тел Авив во име на министерот за надворешни работи на неговата земја.
Разбозов, според веста, на рускиот амбасадор му рекол: „Израел не е страна во конфликтот. Како и сите други и Израел сака бурата да се смири,“
Израелската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина што е можно поскоро по состанокот со соодветните безбедносни и разузнавачки агенции во саботата.
Во Украина има околу 15.000 израелски државјани, од кои 4.500 го пополниле формуларот за евакуација поставен на интернет.