Emre Gürkan Abay
08 Јануари 2020•Ажурирај: 09 Јануари 2020
КИЕВ
Премиерот на Украина, Алексеј Гончарук, соопшти дека донеле одлука за прекинување на летовите на украинските авиокомпании во воздушниот простор на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гончарук во изјава за медиумите во Киев говореше за рушењето на патничкиот авион на украинската авиокомпанија во иранскиот главен град Техеран.
Тој рече дека во истрагата на овој случај треба да бидат вклучени и украински експерти.
„Со иранските власти разговараме за ова прашање. Не сметаме дека претставува пречка украинските експерти да бидат дел од истрагата“, додаде тој.
Гончарук, изразувајќи надеж дека за кратко време ќе се разјаснат причините за рушењето на авионот, рече: „Почнувајќи од 9 јануари, па сѐ до откривање на причината за оваа трагедија, донесовме одлука за прекинување на летовите на украинските авиокомпании во иранскиот воздушен простор.“