Ruslan Rehimov
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
КИЕВ
Втората рунда руско-украински преговори ќе се одржи вечерва, објави главниот советник на Кабинетот на претседателот на Украина, Олексиј Арестович, јавува Агенција Анадолија (АА).
Арестович рече дека истите делегации од претходната рунда ќе учествуваат на разговорите во Белорусија.
Првата рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија заврши во понеделникот. По пет часа разговори, двете страни се согласија да одржат нова рунда разговори за наскоро да се постигне примирје.
Нападот на Русија врз Украина, кој започна на 24 февруари, предизвика гнев кај меѓународната заедница, а Европската Унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите Американски Држави воведоа економски санкции кон Москва.
Над 836.000 Украинци пребегаа во соседните земји.