Davit Kachkachishvili
11 Ноември 2022•Ажурирај: 13 Ноември 2022
МИКОЛАЕВ (АА) - Седум цивили загинаа во ракетен напад извршен од страна на руските сили врз зграда во украинскиот град Миколаев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според украинските медиуми, руските сили во утринските часови извршиле ракетен напад врз петкатна зграда во центарот на градот Миколаев.
Се наведува дека од нападот зградата е претворена во руина.
Заменик-шефот на Кабинетот на украинското Претседателство, Китило Тимошченко, преку Телеграм соопшти дека руските сили извршиле ракетен напад врз зграда во Миколаев.
Тимошченко информира дека во нападот животот го загубиле седум лица.
54-годишната Људмила, која се спасила од нападот, во изјава за АА истакна дека во моментот кога се случил нападот не била дома, поради што се чувствуваа многу среќна.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалните мрежи излезе со реакција за нападот, нагласувајќи дека ја продолжуваат борбата за ослободување на Украина.
Зеленски рече дека Русите ги напаѓаат цивилите како реакција против успехот на украинската Војска на терен.