Ali Cura
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
КИЕВ (АА) - Во Киев е организиран протестен марш и демонстрации во знак на поддршка на поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, јавува Anadolu Agency (AA).
Маршот предводен од членовите на партијата Движење на новите сили на Саакашвили, започна на плоштадот Тараса Шевченко, а заврши на Плоштадот на независноста.
Според наводите на украинските медиуми, на маршот кој прерасна во митинг учествуваа повеќе од 5.000 лица.
На митингот се извикувани слогани против владата на Украина, а присуствуваше и сопругата на Саакашвили, Санда Рулофс.
По митингот, дел од демонстрантите се собраа пред притворот во кој се наоѓа поранешниот грузиски претседател.
На Плоштадот на независноста и пред објектот каде што е притворен Саакашвили се преземени високи безбедносни мерки.
Саакашвили е приведен во акција на безбедносните сили извршена во петокот.