İzzet Mazi
27 Јануари 2018•Ажурирај: 27 Јануари 2018
КИЛИС (АА) - Припадниците на терористичката организација на ПЈД/ПКК изведоа ракетен напад во центарот на турскиот град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, од регионот под окупација на терористите од ПЈД/ПКК, околу 15 часа по локално време, беше испалена ракета, која го погоди покривот на петкатна зграда во центарот на Килис, при што беа повредени две лица.
Полициските сили околу зградата формираа безбедносен обрач, по што повредените во нападот беа пренесени во државната болница во Килис.