Mesut Zeyrek
11 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
КЕЛН (АА) - Денес во 11.11 часот по локално време, како и секоја година во Германија, започна сезоната на карневали, која носи симболичен назив „петто годишно доба“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Карневалите во текот на сезоната се одржуваат првенствено во Келн, Дизелдорф и Мајнц, но и во останатите градови во Германија.
Учесниците на карневалот во Келн, кој се смета за центар на карневалските церемонии, наглас одбројуваа од 11 до 1, по што сезоната на карневали и официјално започна.
Луѓето облекуваат интересни костими и се веселат на улиците.
Карневалската сезона ќе трае до 20 февруари 2023 година.