Bahtiyar Abdülkerimov
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за култура и информативна политика, Александар Ткаченко, истакна дека 32 украински новинари ги загубиле животите во војната што ја започна Русија на 24 февруари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ткаченко во својата порака објавена по повод Денот на новинарите, што се одбележува во Украина, истакна дека оваа година Денот на новинарите има „горчлив вкус“ и дека 32 украински новинари ги загубиле животите во четвртиот месец од војната започната од страна на Русија.
Наведувајќи дека бројот на украински новинари кои загинале во војните во последните 8 години е поголем, Ткаченко ја истакна важноста на улогата на новинарите во Украина денес.
Ткаченко нагласи дека одговорноста, посветеноста, упорноста и храброста на новинарите се многу значајни.
„Нашиот информативен фронт е многу силен благодарение на вас“, рече Ткаченко.