Sümeyye Dilara Dinçer
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Во домот на директорка на организација за спасување животни од сојузната американска држава Јужна Каролина пронајдени се 30 мртви кучиња и мачки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата е известена за непријатниот мирис што доаѓал од домот на Керолин Даун Пенингтон (47), јави „Њујорк пост“.
Во кафезите во објектот се пронајдени 28 мртви кучиња и две мачки, а Пенингтон е приведена поради лошо однесување кон животните.
Шерифот на округот Ричленд, Леон Лот, соопшти дека животните починале од глад и жед.
„Ова лице ја изневери довербата на животните и луѓето кои ѝ ги довериле животните на чување“, кажа Лот.