Rabia İclal Turan
31 Август 2024•Ажурирај: 01 Септември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Во израелски воздушен напад врз Газа во четвртокот погоден е конвој со помош организиран од американска хуманитарна група, во кој се убиени четворица Палестинци, соопшти синоќа непрофитната организација „Американска помош за бегалците од Блискиот Исток“ (American Near East Refugee Aid - Анера), пренесува Анадолу.
Конвојот доставувал храна и гориво до болницата на Црвената полумесечина на Емиратите во Газа, рече Анера, додавајќи дека транспортниот план вклучувал и невооружени чувари во согласност со договорот на Анера со транзитната компанија Move One.
Израел објави, без да даде непосредни докази, дека отворил оган откако вооружени лица ја презеле контролата врз конвојот.
Анера наведе дека првичните извештаи покажуваат дека четворица Палестинци со претходно искуство во организацијата Move One доброволно се пријавиле да го предводат првото возило на конвојот, загрижени дека рутата е небезбедна и дека постои ризик од грабеж.
„Четирите членови не беа ниту проверени, ниту координирани однапред, а израелските власти тврдат дека главниот автомобил носел големо количество на оружје. Нападот на израелската авијација беше извршен без никакво претходно предупредување или комуникација“, наведоа од Анера.
Ниту еден член од персонал наот на Анера не е повреден, се вели во соопштението, додавајќи дека остатокот од конвојот ја продолжил својата мисија и успешно ја доставил помошта во болницата.
Нападот врз конвојот на Анера следеше по уште еден напад врз возило на Светската програма за храна (WFP) во Газа што се случи во средата, што ја натера агенцијата на ОН привремено да го запре движењето на персоналот во регионот.