свет

Уапсен директор на училиште на ФЕТО во САД

Директорот „не само што не ги пријавил тврдењата, туку им дал инструкции на наставниците да не ги известуваат соодветните органи“, се вели во извештајот

Beyza Binnur Dönmez  | 22.01.2021 - Обновена : 23.01.2021
Уапсен директор на училиште на ФЕТО во САД

АНКАРА (АА) - Директор на чартер училиште во Соединетите Американски Држави (САД) поврзано со терористичката организација ФЕТО е уапсен бидејќи не пријавил постоење сомнение за злоупотреба на деца од страна на вработен, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Весникот „Орландо Сентинел“ објави дека директорот на Научното чартер училиште во Орландо, А. Ј. (35), му дал инструкции на негов подреден да не го пријавува злосторството на властите.

Директорот сега се соочува со две кривични дела од трет степен.

Цитирајќи го извештајот за случајот од Полицискиот оддел во Орландо, весникот наведува дека А. Ј. знаел дека во 2019 година некои момчиња му кажале на деканот на училиштето дека друг вработен „барал голи фотографии од нив и ги вклучувал во сексуално експлицитни разговори преку апликацијата Снапчет“.

Но, тој не ги пријавил обвинувањата пред органите на прогонот еден месец.

Директорот „не само што не ги пријавил тврдењата, туку им дал инструкции на наставниците да не ги известуваат соодветните органи“, се вели во извештајот.

Наместо тоа, А. Ј. му кажал на деканот да ги испита обвинувањата и потоа го принудил да си даде оставка.

„Еден месец подоцна, на службеникот за ресурси на училиштето му беа соопштени наводите - најверојатно бидејќи вознемирен родител се заканувал дека јавно ќе ги објави обвинувањата“, се додава во документот.

На почетокот на мај 2019 година, Џејлен Александер беше уапсен за повеќе обвиненија, вклучително и за барање незаконска комуникација со малолетници, по завршувањето на истрагата.

Останува нејасно зошто апсењето на директорот се случува по повеќе од една година.

ФЕТО, терористичката организација којашто стои зад неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година, има значително присуство на меѓународно ниво, од кое дел се и приватните училишта, приближно 150 чартер училишта во САД, како и болници кои служат како прилив на приходи за криминалниот култ.

Училиштата поврзани со ФЕТО во САД се користат за собирање средства преку сифонирање на доларите на даночните обврзници, вработените следбеници на Фетула Ѓулен, а потоа се обврзуваат наставниците Ѓуленисти да дадат значителен процент од своите приходи за терористичката организација.

Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач милијардер, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, се обвинети за организирање на воениот удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın