Ekip
01 Март 2018•Ажурирај: 01 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Доналд Туск, претседателот на Советот на Европа изрази надеж дека од британската премиерка Тереза Меј ќе ги слушне предлозите за тоа како да ја одржи ирската граница отворена по Брегзит, откако нејзината земја го одби предлогот на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Меј изјави дека планот Северна Ирска да се задржи во царинската унија на ЕУ го поткопува уставниот интегритет на Обединетото кралство.
Туск од друга страна денес изјави дека за неколку часа во Лондон ќе праша дали Владата на Обединетото Кралство има подобра идеја која би била поефикасна во превенција на цврстата граница.
Тој додаде дека никој не измислил никаква мудрост, туку дека опцијата е наведена во предлогот на ЕУ за Брегзит, чија цел е задржување на протокот на луѓе, стоката, услугите и парите меѓу територијата на Обединетото Кралство и членките на ЕУ на Република Ирска.