свет

Турција: Фатени 41 мигрант во обид да преминат во Грција

Екипата на турската крајбрежна стража во текот на патролирањето во Ајвалик забележа група која со чамец отплови во морската шир. Во акцијата која следуваше фатени се најмалку 41 лице, а станува збор за мигранти од Авганистан

Suat Salgın  | 15.06.2019 - Обновена : 16.06.2019
Турција: Фатени 41 мигрант во обид да преминат во Грција

БАЛИКЕСИР (AA) - Во местото Ајвалик, во турската област Баликесир, фатени се 41 непријавен мигрант, а станува збор за група која се обиде преку илегален пат да премине на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипата на турската крајбрежна стража во текот на патролирањето во Ајвалик забележа група која со чамец отплови во морската шир. Во акцијата која следуваше фатени се најмалку 41 лице, а станува збор за мигранти од Авганистан.

Меѓу фатените, кои илегално се обиделе да ја напуштат Турција, имало жени и деца.

Откако екипите на крајбрежната стража поделиле храна и облека, мигрантите се предадени на надлежните органи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın