Ekip
15 Јуни 2019•Ажурирај: 16 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) - Владата на Велика Британија наложи контрола на болничката храна откако пет пациенти починаа од епидемија на листерија поврзана со сендвичи и салата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Секретарот за здравство, Мет Хенкок, изјави дека сака „редикално нов пристап“ кон храната која се служи во болниците.
Власта епидемијата ја поврза со храната од „Good Food Chain“, кој снабдува десетина болници во Велика Британија, и со снабдувачот на месо за таа компанија.
Тројца пациенти починаа во болницата во Манчестер и Ливерпул, во северозападниот дел на Англија, додека за преостанатите две лица не е позната локацијата.
Јавното здравство на Англија (PHE) објави дека нема пријава за други смртни случаи по повлекувањето на спорните производи кон крајот на мај.
Листерија е бактерија која обично предизвикува блага болест кај здравите луѓе, но може да биде фатална за оние со ослабен имунитет.