Hamdi Yıldız
15 Јуни 2019•Ажурирај: 17 Јуни 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Силите приврзани на Владата на национално единство на Либија навлегоа во јужниот дел од аеродромот во Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од воени извори блиски на Владата на национално единство на Либија (UMH) се дознава дека по еднонеделна операција, силите на UMH успеале да влезат во јужниот дел на аеродромот во Триполи.
Изворот наведува дека засега силите приврзани на генерал Калифа Хафтар се уште под своја контрола држат голем дел од аеродромот, истакнувајќи дека силите приврзани на Владата на национално единство на Либија продолжуваат со операциите се додека во потполност не се преземе целиот аеродром.
Силите приврзани на генерал Хафтар речиси една недела под своја контрола го држеа аеродромот во Триполи.
Генерал Калифа Хафтар, лидер на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, по што единиците на Владата на национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).