Muhammed Emin Canik
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
ЛА ПЛАТА
Турција до Аргентина испрати помош од медицинска опрема која ќе се користи во борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадорот на Турција во Буенос Аирес, Шефик Вурал Алтај, на надлежните во болницата „Ел Дике“ во градот Ла Плата кој се наоѓа во аргентинската покраина Буенос Аирес, им ги предаде 20.000-те маски испратени од Турција.
Алтај пред предавањето на маските на болницата, се состана со шефот на Кабинетот на покраината Буенос Аирес, Карлос Бјанко.
Турскиот амбасадор во своето обраќање во церемонијата за примопредавање на маските истакна дека оваа пандемија е еден проблем кој има потреба од глобално решение.
„Можеби физичката дистанца меѓу Турција и Аргентина е многу голема, но нашите срца се со вас. Ја поддржуваме вашата борба. Во овие рамки, ќе бидеме среќни доколку можеме да направиме повеќе во оваа насока ако има потреба“, рече тој.
Викторија Анадон, потсекретарка за меѓународни односи на покраината Буенос Аирес, укажувајќи на солидарноста меѓу двете земји, упати благодарност до Турција поради оваа помош.