Muhammet Nazım Taşcı
06 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
АНКАРА
Бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 19 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, досега во светот со Ковид-19 се заразени 19.000.614 лица.
Најмногу случаи се откриени во САД, каде што 4.973.741 лице се заразени со овој вирус.
По САД следуваат Бразил со 2.862.761 откриен случај, Индија со 1.967.700 откриени случаи, Русија со 871.894 откриени случаи, Јужноафриканската Република со 529.877 откриени случаи, Мексико со 456.100 откриени случаи, Перу со 447.624 откриени случаи, Чиле со 364.723 откриени случаи, Шпанија со 352.847 откриени случаи, Колумбија со 345.714 откриени случаи, Иран со 317.483 откриени случаи, Велика Британија со 307.184 откриени случаи, Саудиска Арабија со 282.824 откриени случаи, Пакистан со 281.863 откриени случаи, Бангладеш со 249.863 откриени случаи и Италија со 248.803 откриени случаи.
Во Турција со Ковид-19 досега се заразени 236.112 лица.
Земји каде што бројката на откриени случаи со Ковид-19 надмина 100.000 се следни:
Аргентина (220.682), Германија (214.104), Франција (194.029), Ирак (137.556), Филипините (119.460), Индонезија (118.753), Канада (118.187) и Катар (111.805).
Како последица на Ковид-19 во светот починаа 711.622 лица, излекувани се 12.188.295 лица, додека има 6.100.493 активни случаи.