Gülşen Topçu
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
БАГДАД (АА) - Ирачката Влада соопшти дека медицинската помош од Турција во рамките на борбата против Ковид-19 пристигнала во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од ирачкото Министерство за надворешни работи се истакнува дека медицинската помош од компанијата „Кајатурк Груп“ во која се наоѓаат вкупно 1 милион заштитни маски, заштитна облека, штит за лице, медицински лупи за хируршки цели, пристигнале во Ирак.
Долготрајната војна, нестабилноста, корупцијата и појавата на епидемијата на Ковид-19 го донесе здравствениот сектор на Ирак, кој веќе има слаба инфраструктура, до точка на колапс.
Турција на почетокот на јули, исто така, испрати медицинска помош за Ирак.
Според податоците на ирачкото Министерство за здравство и животна средина, во земјата од Ковид-19 досега починале 3.250 лица, а регистрирани се 79.735 случаи на вирусот.