свет, Коронавирус

Во Кина тројца новозаразени од Ковид-19, во Јужна Кореја 33

Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека сите три нови случаи се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19

Zehra Ulucak  | 14.07.2020 - Обновена : 15.07.2020
Во Кина тројца новозаразени од Ковид-19, во Јужна Кореја 33

АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени три нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 33 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека сите три нови случаи се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.605, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.

Во Кина досега се излекувани 78.674 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.

Според соопштинието бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 297.

- Во Јужна Кореја бројот на случаи со Ковид-19 зголемен на 13.512 -

Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден се забележани 33 нови случаи на Ковид-19, од кои 19 се лица кои допатувале од странство.

Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 13.512, а од вирусот во земјата досега оздравеле 12.282 заразени.

Во последните 24 часа во земјата не е евидентиран смртен случај од Ковид-19. Досега 289 лица починале од последици предизвикани од Ковид-19.

Во последниот период во Сеул и околината најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај лица што работеле во магацин на една компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.