Ahmet Dursun
08 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
АНКАРА
Последните 24 часа во Иран од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) животот го загубија 55 лица. Досега во оваа земја од заразеност со Ковид-19 регистрирани се вкупно 6.541 смртни случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, за државната телевизија изјави дека во истиот период е потврдено заразување кај уште 1.556 лица.
Според овие податоци, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Иран се зголеми на 104.691.
Џиханпур истакна дека 2.711 заразени лица се наоѓаат во критична состојба, а дека досега се излекувани 83.837 лица кај кои е дијагностициран Ковид-19.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани 558.899 примероци.