Zehra Ulucak
12 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) ширум светот надмина 400.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 400.876 лица ширум светот се излекувани од оваа пандемија.
Најголема бројка на излекувани лица е забележана во Кина каде 77.525 пациенти се излекувани од Ковид-19.
По Кина следат Шпанија со 59.109 излекувани лица, Германија со 57.400 излекувани лица, Иран со 41.947 излекувани лица, Италија со 32.534 излекувани лица, САД со 28.755 излекувани лица и Франција со 26.391 излекувано лице.
Инаку, бројката на случаи со Ковид-19 во светот изнесува 1 милион 767 илјади и 609, додека како последица на оваа пандемија починаа 108.178 лица ширум светот.