Fırat Taşdemir
12 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, истакна дека за првпат е намален бројот на пациентите со Ковид-19 кои се наоѓаат на интензивна нега во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на Твитер, Коџа нагласи дека има нов развој во лекувањето на пациентите од коронавирусот Ковид-19.
„Денеска имаме нов развој на настаните во однос на лекувањето на пациентите со коронавирусот. За првпат е намален бројот на пациентите на интензивна нега. Нашите научници од шест универзитети се со исто мислење. Ова е резултат на преземените мерки и начинот на лекување“, нагласи турскиот министер за здравство.
Во Турција досега од Ковид-19 починаа вкупно 1.101 лице, а во земјата досега детектирани се 52.167 случаи на вирусот.