Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
14 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 733 лицa, во Мексико 485 лица, а во Индија 553 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 733 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 72.833 лицa.
Во земјата се откриени уште 20.286 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 1.884.967.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.154.837.
Бразил чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот потценувачки став кон пандемијата, соопшти дека е заразен со новиот тип коронавирус.
Институтот за статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.
- Бројот на смртни случаи во Мексико се зголеми на 35.491 -
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа регистрирани се 485 смртни случаи од Ковид-19, со што бројката на починати од вирусот се зголеми на 35.491.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Мексико изнесува 304.435, од кои 4.685 се евидентирани во последните 24 часа.
Во Мексико досега оздравеа 189.063 лица заразени со коронавирусот.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.
- Ковид-19 е причина за смртта на 23.727 лица во Индија -
Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 553 смртни случај предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот во земјата се искачи на 23.727.
Во последните 24 часа дијагностицирани се 28.498 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 906.752.
Во Индија досега оздравеа 571.460 заразени со коронавирусот.