Sorwar Alam
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
ХАТАЈ (АА) - Турската владина агенција за вонредни состојби (AFAD) и Обединетите нации (ОН) испратија 26 камиони со хуманитарна помош во југозападниот сириски град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на Турската агенција АФАД за АА истакнаа дека испратиле шест камиони со помош која се состои од кревети, шатори и контејнери.
Официјалните лица, кои зборуваа под услов да останат анонимни, потврдија дека камионите од Турција влегле на сириската територија преку граничниот премин Џилвеѓозу во јужната турска област Хатај.
Репортерот на АА за регионот јави дека денес, додатни 20 камиони со помош од ОН, исто така, го поминале преминот, и дека помошта ќе биде доставена до сириските семејства кои живеат во Идлиб.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад презеде мерки со неочекувана свирепост на продемократските протести.
Оттогаш, според ОН, повеќе од 250.000 лица се убиени, а над 10 милиони лица се раселени.