Handan Kazancı
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
БИЛЕЏИК (АА) - Турската полиција денес приведе 12 осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО во турската западна област Билеџик, јавува Anadolu Agency (AA).
„Осомничените, од кои сите се суспендирани наставници, земени се во притвор како дел од истрагата покрената од канцеларијата на јавниот обвинител во Билеџик“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Терористичка организација ФЕТО, во 1970-тите години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции. На 15 јули 2016 година, терористичката организација ФЕТО изврши неуспешен обид за државен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција. Најмалку 249 лица загинаа при обидот за државен удар, додека илјадници други беа повредени.