Murat Özgür Güvendik
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
АНКАРА
Турција го осуди терористичкиот напад во Нигер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се потсетува дека голем број лица загинаа и се повредени во терористичкиот напад, што беше извршен на 2 јануари врз селата Чомбангоу и Зарумдареје, близу границата со Мали.
„Остро го осудуваме овој ужасен терористички акт. Упатуваме сочувство до братскиот и пријателски народ и Владата на Нигер. Од Бога посакуваме милост за загинатите, додека на повредените им посакуваме брзо заздравување“, се вели во соопштението.
Инаку, на 2 јануари 2021 година беше извршен терористички напад во овие подрачја, при што загинаа вкупно 70, а повредени се 20 цивили.