Nuri Aydın
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
АНКАРА
Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 60 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometers“, 60.097.097 лица успеаја во битката против Ковид-19.
Првите четири земји во светот во кои се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, се исто така земји каде се регистрирани најмногу оздравени пациенти.
Во САД оздравеа 12.361.387 лица, во Индија 9.927.310, во Бразил 6.769.420, и во Русија 2.599.035 лица.
Меѓу другото, во Турција заклучно со 2 јануари од вирусот се излекуваа 2.126.432 лица.
Во светот 23.042.226 лица се во процес на лекување.
Бројот на откриени случаи на вирусот во светот изнесува 84.982.879, додека како последица на Ковид-19 досега починаа 1.843.556 лица.