свет

Турско МО: Во сириски Тел Абјад фатени пет терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за акција

Од Министерството се вели дека во регионот извршени се истовремени операции во домовите каде што се криеле терористите на ПКК/ЈПГ

İsa Toprak  | 24.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
Турско МО: Во сириски Тел Абјад фатени пет терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за акција

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во сириски Тел Абјад, во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, фатени се 5 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за акција, во нивните домови заедно со оружјето, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се вели дека во регионот извршени се истовремени операции во домовите каде што се криеле терористите на ПКК/ЈПГ.

„Пет припадници на терористичката организација ПКК/ЈПГ се фатени при подготвување акција во Тел Абјад“, се нагласува во соопштението од Министерството.

Се додава дека при претресот во различни делови од домовите запленети се 2 пешадиски пушки AK-47, 6 магацина за куршими, куќиште за компјутер и 3 милиони 658 илјади и 50 сириски лири.

Од 2016 година, Турција започна три успешни прекугранични антитерористички операции, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор: Операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (октомври 2019 година).

ПКК е терористичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın