Sarp Özer
13 Декември 2018•Ажурирај: 14 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Турските сили извршија воздушна операција на подрачјето на Синџар и планината Караџак, на северот на Ирак, кои терористите на ПКК ги користат како своја база, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Турција, воздушната операција е изведена во согласност со легитимно право на самоодбрана кое произлегува од меѓународното право.
Целта на операцијата е да се неутрализираат ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и други терористички елементи, да се спречат терористичките напади од северот на Ирак на народот и на силите за безбедност и да се воспостави безбедност на границите.
Во соопштението се додава дека мета на операцијата биле упоришта, пештери и тунели каде се наоѓаат терористите и дека се преземени потребни мерки за да животот на цивилите и нивниот имот бидат сигурни.