Enes Kaplan
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција и американските сили ja изведоа осмата независна патрола помеѓу Мунбич и подрачјето ослободено во операцијата „Штитот на Еуфрат“ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата на Твитер ја сподели и Генералштабот на турската војска.
Првите патролни мисии на турските и американските сили во тој регион почнаа на 18 јуни.
Договорот помеѓу Турција и САД за Мунбич предвидува воспоставување на безбедноста со повлекување на ЈПГ, сириски огранок на терористичката организација ПКК, од регионот.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и Европската унија (ЕУ), а одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица во изминатите три децении од терористичката кампања против Турција.
ПКК делува и во Ирак во кој се наоѓа главната терористичка база на планината Кандил, и во северна Сирија каде што делува неговиот огранок ЈПГ.
Турските сили со воените антитерористички операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ веќе ослободија пошироко подрачје во северозападна и северна Сирија.
Доколку договорот со САД во Мунбич се покаже како успешен, од Анкара е најавено дека овој модел може да се примени и во другите градови во североисточна Сирија, кои под окупација ги држат терористите на ЈПГ/ПКК.