Büşra Nur Çakmak
12 Јуни 2023•Ажурирај: 13 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес му изрази сочувство на својот колега од Казахстан за смртта на 14 чувари на шумата во шумските пожари, пренесува Анадолу.
„Туркије е подготвена да обезбеди каква било помош што му е потребна на Казахстан“, му рече Ердоган на Касим-Жомарт Токаев, се веи во соопштението на Одделот за комуникации при турското Претседателство.
„Ердоган посака Божја милост за оние кои ги загубија животите и брзо закрепнување на повредените“, се додава во соопштението.
Бројот на загинати во големите шумски пожари во источниот регион Абаи во Казахстан се искачи на 14, јавуваат локалните медиуми.
„Телата на уште 11 лица беа пронајдени за време на операциите за пребарување“, објави државната новинска агенција Казинформ, цитирајќи го Министерството за вонредни ситуации на земјата.
„Идентитетот на жртвите се утврдува“, додава агенцијата.
Претходно, тимовите за пребарување и спасување ги извлекоа телата на тројца вработени во шумата и трагаа по 11 други во пожарот што зафати 60.000 хектари.
Во соопштението на Министерството се вели дека повеќе од 600 лица персонал, шест хеликоптери и 168 парчиња опрема се вклучени во напорите за гаснење на пожарот.
Пожарите се предизвикани од сувите и топли временски услови.