свет

Турскиот воен брод Газиантеп спаси 123 нерегуларни мигранти на отворено море во Либија

- 123 нерегуларни мигранти кои упатиле повик за помош на отворено морето на подрачјето на Либија се спасени со иницијатива на воениот брод Газиантеп на турските вооружени сили (ТСК) и либиската крајбрежна стража

Mücahit Aydemir  | 02.05.2021 - Обновена : 03.05.2021
Турскиот воен брод Газиантеп спаси 123 нерегуларни мигранти на отворено море во Либија

ТРИПОЛИ

123 нерегуларни мигранти кои упатиле повик за помош на отворено морето на подрачјето на Либија се спасени со иницијатива на воениот брод Газиантеп на турските вооружени сили (ТСК) и либиската крајбрежна стража, известува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите добиени од воени извори, повикот за помош испратен од гумен чамец кој превезувал нерегуларни мигранти на оддалеченост од околу 80 милји (128,7 километри) северно од градот Триполи на 29 април, бил примен од страна на турскиот воен брод Газиантеп кој е дел од либиско-турска група, која е на должност во северниот дел на Либија.

123 нерегуларни имигранти се спасени по интервенцијата на либиската крајбрежна стража, откако Командата на турските оперативни сили на должност во Либија ги пренеле информациите за гумениот чамец до локалните власти.

Командата на турските оперативни сили обезбедува обука и консултантски услуги за либиската армија во рамките на Меморандумот за разбирање за воена и безбедносна соработка, потпишан меѓу двете земји на 27 ноември 2019 година и со својата поморска моќ, ги поддржува силите на либиската крајбрежна стража во подрдачјето на хуманитарната интервенција.

Либија се издвојува како една од важните точки кои последните години африканските нерегуларни мигранти, бегајќи од сиромаштијата и конфликтите, ги користат да преминат во Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.