Ekipa
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
РАМАЛА (АА) - Израелски војници пукаа и ранија Палестинка во градот Витлеем на Западниот Брег, соопштија израелската армија и палестински безбедносни извори, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Официјалната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на безбедносни извори, објави дека жената е ранета на клучка во близина на еврејскита населба Гуш Ецион.
Во објавеното соопштение, израелската војска тврди дека Палестинката се обидела да ги прободе израелските војници кои биле на клучката.
Се додава дека израелски војник пукал во жената, и дека од израелските војници нема повредени.
Израелската радиодифузна корпорација соопшти дека жената на околу 60-годишна возраст била од селото Хусан, западно од Витлеем, и била пренесена во болница во критична состојба.