Tevfik Durul
28 Декември 2019•Ажурирај: 28 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот амбасадор во Могадишу, Мехмет Јилмаз, истакна дека меѓу 80-ина загинати во нападот во главниот град на Сомалија има и турски државјани, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Меѓу 80-ина загинати во бомбашкиот напад во Могадишу има и двајца турски државјани“, изјави Јилмаз за АА.
Според него, одреден број од ранетите се згрижени во болницата „Реџеп Таип Ердоган“.
„Во болницата се сместени 36 повредени. Девет лица се подложени на оперативни зафати. Според информациите коишто ги добивме, во нападот повредени се околу 80 лица“, рече Јилмаз.
Тој додаде дека Амбасадата е во контакт со властите во Турција и Сомалија, и дека од Турција е побаран амбулантен авион со кој ќе бидат пренесени ранетите лица. Барањето е испратено на разгледување.
Според амбасадорот, болницата има капацитет да им пружи помош на ранетите.
Јилмаз рече дека се стравува дека бројот на настрадани во нападот ќе го надмине бројот од 100 лица.