Dilara Hamit
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили ѝ пружаат поддршка на азербејџанската Aрмија во расчистувањето на мините во азербејџанските територии ослободени од ерменска окупација, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Во сооопштението, исто така, е најавено дека вооружените сили ќе обезбедат воена обука за азербејџанската Армија.
„Турските тимови за отстранување експлозивни направи ќе ја поддржат азербејџанската Армија и нејзините трупи во расчистувањето мини и импровизирани експлозивни направи во областите ослободени од ерменската окупација“, се истакнува во соопштението.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупира Нагорно-Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Кога на 27 септември избија нови судири, ерменската војска покрена напади врз цивилите и азербејџанските сили и прекрши неколку договори за хуманитарен прекин на огнот.
Во текот на 44-дневните судири, Азербејџан ослободи неколку градови и речиси 300 населби и села од ерменска окупација.
На 10 ноември, двете земји потпишаа договор со посредство на Русија за ставање крај на судирите и за посветување кон сеопфатно решение.
Примирјето се гледа како победа за Азербејџан и пораз за Ерменија, чии вооружени сили се повлекуваат, како што е наведено во договорот.