Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
07 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Уште четири брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито од Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени точките на поаѓање или дестинациите на бродовите, се вели дека пратките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.
Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул на 22 јули за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.
Од првиот брод што исплови според договорот на 1 август, најмалку 100 брода пренесоа над 2,5 милиони тони земјоделски производи од Украина.